Зад сцената на Евровизија: Влезницата за финалето е 1.000 евра, еден сендвич чини 30 евра

Второто полуфинале на Евросонг ќе се одржи вечерва во Тел Авив, каде на публиката ќе и се претстават 17 земји. Од нив ќе поминат 10 во големото финале кое ќе се одржи во сабота.

На финалната вечер учество ќе земат најдобрите 20 земји кои што ќе се борат за прво место, а цела Македонија го исчекува настапот на Тамара и и прогнозира директен пласман меѓу најдобрите.

Инаку, фестивалот кој што годинава се одржува во Тел Авив е еден од најскапите досега. Како што пишува српски „Блиц“, само влезницата за финалето во сабота чини илјада евра, а ниту храната не е ефтина.

Имено, за еден обичен оброк, односно сендвич и сок треба да се издвојат околу 30 евра, а доколку седнете во ресторан сметката за да ручате сметката минимум изнесува 100 евра.