Зачини кои се одлични борци против воспаленијата во нашето тело

Кога станува збор за воспаленијата, куркумата го држи првото место и тоа заслужено. 

Photo by Luísa Schetinger on Unsplash

Куркумата е познатиот зачин, кој е познат како кралица на зачините. Богат е со хранливи материи како витамин Е, Ц, К, калиум, железо и тн. Поради своите богати состојки, често се користи во ајурведската медицина.

Но, постојат и други зачини кои значително помагаат во борбата против воспаленијата и кои го подобруваат имунитетот и нашето севкупно здравје.

Бибер

Биберот е важна состојка на супите, а кога тој се користи во комбинација со куркумата, значајно ја зголемува апсорпцијата на овој зачин. Но, и сам по себе е познат како одличен чувар на нашето здравје. 

Морско оревче

Морското оревче има совршен мирис, а често забораваме на него. Тој содржи многу антивоспалителни состојки, а важно е да се користи при печењето слатки, но и како додаток во овесните снегулки наутро. 

Цимет

Циметот е нашиот омилен мирис во текот на зимата, но тој е голем чувар на имунитетот и борец против многу заболувања. Нутриционистите препорачуваат да се користи дневно, но важно е тој да е квалитетен и свеж. 

Кајен

Ова е одличен зачин кој има огромна антивоспалителна моќ. Но, бидете внимателни ако готвите за вашите деца. Тој содржи и магнезиум, но и калиум, а може да се користи во јадењата со месо и чорбите.