Кога станува збор за воспаленијата, куркумата го држи првото место и тоа заслужено.
Photo by Luísa Schetinger on Unsplash
Куркумата е познатиот зачин, кој е познат како кралица на зачините. Богат е со хранливи материи како витамин Е, Ц, К, калиум, железо и тн. Поради своите богати состојки, често се користи во ајурведската медицина.
Но, постојат и други зачини кои значително помагаат во борбата против воспаленијата и кои го подобруваат имунитетот и нашето севкупно здравје.
Бибер
Биберот е важна состојка на супите, а кога тој се користи во комбинација со куркумата, значајно ја зголемува апсорпцијата на овој зачин. Но, и сам по себе е познат како одличен чувар на нашето здравје.
Морско оревче
Морското оревче има совршен мирис, а често забораваме на него. Тој содржи многу антивоспалителни состојки, а важно е да се користи при печењето слатки, но и како додаток во овесните снегулки наутро.
Цимет
Циметот е нашиот омилен мирис во текот на зимата, но тој е голем чувар на имунитетот и борец против многу заболувања. Нутриционистите препорачуваат да се користи дневно, но важно е тој да е квалитетен и свеж.
Кајен
Ова е одличен зачин кој има огромна антивоспалителна моќ. Но, бидете внимателни ако готвите за вашите деца. Тој содржи и магнезиум, но и калиум, а може да се користи во јадењата со месо и чорбите.