Зачин кој ги топи мастите

Интересни резултати се добиени од едно истражување спроведено на универзитетот во Техеран, Иран.

Научниците составиле 2 фокус групи, која се состоела од 44 жени со прекумерна тежина. Во текот на три месеци, двете групи се кранела според иста шема (1200 калории дневно) со таа разлика што едната од нив во својата исхрана вклучувала по 1 лажица ким дневно. Овој зачин го конзумирале во супите, салатите или пак во јогурт.

Резултатите биле импресивни: жените од првата група кои го вклучиле овој зачин во својата исхрана изгубиле околу 14% од својата телесна маса, за разлика од жените од втората група. Таквиот ефект се објаснува со тоа дека кимот содржи фитостероли кои имаат способност за намалување на нивото на холестерол во крвта.

Исто така, овој зачин е богат со калциум, фосфор и железо. Тој помага за стимулирање на работата на бубрезите, гастроинтестиналниот тракт и е одличен диуретик. Освен тоа, се смета и за одлично средство во борбата со прекумерниот број килограми и дебелината.

Се препорачува да се конзумира по 1 лажица дневно. Можете да го додадете во јадењата од јајца, месо, сирење, супите, а исто така и салатите.