Забрането е да не се бориш за она што го сакаш

Забрането е да се плаче без да се извлече поука, да се разбудиш, а да не знаеш што да правиш со себе, да се плашиш од личните спомени.

Забрането е да не се бориш за она што го сакаш, да се откажеш од сѐ само заради страв, да не ги претвориш соништата во реалност.

Забрането е да ги напуштиш своите пријатели, да не се обидуваш да ги зачуваш заедничките спомени и да им се јавуваш само кога ти треба нешто од нив.

Забрането е да не бидеш свој пред другите, да се преправаш пред луѓето кои ги сакаш, да глумиш нешто што не си, само за да те запомнат и да заборавиш на оние кои навистина се грижат за тебе.

Забрането е да не создаваш сопствена приказна, да немаш време за луѓето на кои си им потребен, да не разбираш дека животот ти дава, но може и да ти земе.

Забрането е да избркаш некого со кого не си се смирил, да ги заборавиш неговите очи и насмевка.

Забрането е да го заборавиш неговото минато и да го замениш со неговата сегашност.

Забрането е да не се обидуваш да ги разбереш другите, да мислиш дека нивниот живот е подобар од твојот, да не спознаеш дека секој има свој пат и среќа. 

Забрането е да не правиш работи за самиот себеси, да се плашиш од животот и обврските, да не го живееш секој ден како да ти е последен.

Забрането е да не трагаш по среќа, да не го живееш животот со позитивен став, да не мислиш дека секогаш можеме да бидеме подобри.

Забрането е да не знаеш дека без тебе овој свет не би бил ист.