Забрана за телефони за деца! „Дали ќе ги враќаме во 19.век“ - праша поранешна учителка

Додека познатата македонска актерка Весна Петрушевска Бејби ја финализира иницијатива за собирање 10.000 потписи за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, Наде Молеровиќ, поранешна учителка и ексдиректорка на основно скопско училиште смета дека забраната на телефоните е капитулација на интелегенцијата! 

Таа редовно објавува корисни совети за родителите, па така и овој пат сподели свој став за едно од главните прашања на родителите во денешно време - колку и како со телефоните кај децата!

Ви ја пренсеуваме во целост нејзината обајава: 

- Револуција на свеста !

Сериозно ме загрижува леснотијата со која општеството ја прифаќа забраната за мобилни телефони во училиштата како „спасение“. Како некој кој целиот свој работен век го помина во образованието – и како професор и како директор – ви велам:

Забраната е административна шминка за длабока општествена немоќ!

Оние кои воведуваат забрани, а не разбираат ништо од едукација и свесност, всушност ни порачуваат:

“Ние не знаеме како со децата, па затоа ќе користиме сила.“

Ајде и за нас возрасните една ЗАБРАНА!!

Зошто забраната е ЛАЖНО решение?

Забраната не лекува зависност, туку ја радикализира!

Науката е сурова: мозокот на детето е под опсада на допамински алгоритми. Да му го земеш телефонот на 6 часа е исто како на тежок зависник да му ја сокриеш дозата додека е на работа!

Штом ќе излезе од училиште, детето ќе го користи телефонот со двоен интензитет за да го надомести „изгубеното“.

Создаваме генерација на „дигитални сенки” или дигитални робови”.

Додека прогресивниот свет ги учи децата како да ги „скршат“, како да ги разберат алгоритмите и да бидат господари на технологијата, ние ги враќаме во 19-тиот век!! Да, Да во 19 век!!!

Ако не го научиме детето на дигитална хигиена додека телефонот му е во рака, го пуштаме во животот потполно невооружено!!

Присутноста не се наредува, таа се пренесува.

Ако наставникот е „мртов“ во училницата, а родителот е „дигитален зависник“ дома, детето ќе бега во екранот!

ТЕЛЕФОНОТ НЕ Е ПРИЧИНАТА- ТОЈ Е ПОСЛЕДИЦА НА НАШЕТО ОТСУСТВО!

Фактот кој боли: Дете кое поминува 9 часа на телефон, до својата 20-та година ќе потроши 7 години од животот гледајќи во екран!

Што поправаме со 6 часа забрана, ако дома му го даваме телефонот како „дигитална дадилка”за да ни биде мирна главата!

За оние кои мислат дека со „клуч на фиоката“ се решаваат цивилизациски предизвици, дозволете ми како професор по историја да ве потсетам:

• Дали фашизмот ја уништи мислата со палењето на книгите?

Не, ја направи уште посилна!

• Дали лудистите ја запреа индустриската револуција со кршење на машините?

Не, само останаа прегазени од времето!

• Дали комунизмот ја избриша духовноста со забрана на црквите?

Не, таа само се пресели во домовите и стана поотпорна!

Забраната никогаш не го решила проблемот, само го преселила во илегала!!

Наместо да палиме „дигитални книги“, ајде да ги научиме децата како да управуваат со нив!

Наместо да им ги кршиме „дигиталните машини“, ајде да ги научиме да создаваат со нив!

Не ни требаат полициски методи во училиштата!

Ни треба радикална едукација на свесноста!!

Спасот не е во одземањето, туку во враќањето на вниманието преку смисла и присутност на нас возрасните како родители и наставници!

Забраната е за оние кои се плашат од иднината!!

Едукацијата е за оние кои сакаат да ја создадат!

Дали сме подготвени за вистинско решение или ќе продолжиме да се лажеме со административни наредби, забрани…

Мој совет:

На 10/12 години Првиот мобилен “обичен” телефон (без многу апликации) корисен за безбедност!

На “13/14 години првиот паметен телефон кога децата развиваат когнитивна зрелост да ги разбираат социјалните мрежи!

Родителот е првиот учител како , кога, колку, зошто да го употребува!

И, најважна лекција КАКО и За Што Не Смее да го злоупотребува!

Е, после во училиште имаме дете дигитално писмено кое точно ги знае правилата!