Заборавивме дека среќата е многу кратка, ако нејзиниот извор е материјален

Се изгубивме во постојаното барање.
Заборавивме да сакаме.
Да подаруваме
Да простуваме.

Се осиромашивме покрај толкави богатства.
Заборавивме дека среќата е многу кратка, ако нејзиниот извор е материјален.

Се изгубивме себеси во гужвата на оние кои се слични на нас.
Заборавивме да живееме.
Заборавивме да се молиме.
Сите се умислија и почнаа да мислат за себе дека се Бог.

А всушност, ние сме ништо.
А можеме да бидеме сѐ, ако се сетиме да живееме поскромно и со човечко достоинство.