Заборавете на технологијата, читањето книги пред спиење ни помага да спиеме подобро

Дали секоја вечер пред спиење, скролате ли на својот таблет или телефон? Ја имате ли заборавено навиката да читате книга или списание пред спиење?

Ако сакате да спиете подобро и поздраво, но и да заспиете полесно, земете книга. Едно неодамнешно истражување спореведено во Женската болница во Бостон ги покажува ефектите кои технологијата ги има на нас, особено кога ја користиме пред спиење.

Тие забележале дека оние пациенти кои наместо книга, користеле технологија пред спиење, заспивале потешко, спиеле потешко во текот на ноќта, а и се буделе поуморни. Од друга страна, оние пак кои читале книги, лесно заспивале, а и наутро се буделе многу поодморени.

Ова е само едно истражување кое ги покажува позитивните ефекти на една од подзборавените навики за некои луѓе -  читањето книга. Потрудете се да најдете книга чија содржина би ви одговарала, нешто што ви е лесно за читање, но и многу едукативно. Мошне брзо ќе ги забележите разликите во квалитетот на спиењето.