Заборавете на скапите подароци, најдоброто нешто кое можете да им го дадете на своите деца е вашето внимание

Среќата на децата е на врвот на приоритетите на секој родител. Но, среќата е релативна и таа зависи од многу работи. Често родителите мислат дека знаат како да им донесат среќа на своите деца, но многу грешат во таквиот процес.

Но, како да им донесеме среќа на своите деца?

За почеток, дајте им внимание. Џојс Нолан Харисом, психијатар за деца и адолесценти истакнува дека важно е да се однесувате како вашето дете да е центар на вашиот свет, но не со материјални нешта, туку со вашето внимание.

Одвојте време за своето дете, без одложувања, без пречки, без да гледате во својот телефон или да одговарате на пораки и меилови. Подарете му го сето внимание, нека тоа одбере што сака да прави, на негов начин, а не како што вие мислите дека треба.

Научете ги своите деца на следните нешта.

Неуспехот е дел од животот

Ова е веројатно една од најтешките задачи за родителите кои сакаат да ги заштитуваат своите деца постојано. Но, морате да им дозволите да грешат, да прават грешки и да учат од нив. Тоа е единствениот начин за да научат нешто за животот, да сфатат дека тој е исполнет и со победи, но и порази понекогаш. Ако за нешто не се сложувате со своето дете, не викајте. Потрудете се да поразговарате. Стојте малку понастрана и набљудувајте го своето дете, како тоа се носи со светот околу него. Бидете тука да му понудите помош кога му е потребна, но само кога тоа ќе го побара од вас, не секогаш.

Фалете ги своите деца,но на вистинскиот начин

Секој родител мисли дека неговите деца се особени убави и паметни, тоа не е ништо ново. Но, начинот на којшто ги фалите своите деца е многу важен. Кога ќе постигнат добар успех, истакнете дека сте многу горди на нив. Фалете ги поради вложениот напор, а не секогаш поради постигнатите резултати. Важно е тие да знаат дека напорот е важен, а дека резултатите произлегуваат од него.

Не ги споредувајте со другите деца

Ако детето се однесува лошо, воопшто не е добар начин да му кажете дека другите деца се подобри од него. Наместо тоа, објаснете му го соодветниот начин за однесување во таквата ситуација. Покажете зошто таквото однесување е неприфатливо и кој е подобриот начин. Не споредувајте.

Научете го на благодарност

Кога ќе добие подарок од вас или од другите луѓе, научете го да биде благодарно. И, не само поради материјалните работи кои ги добива. Зборувајте со своите деца пред спиење за нивниот ден, за убавите нешта кои се случиле во текот на денот. Направете напор да ги научите дека треба да бидат благодарни за многу нешта во нивниот живот.