Заборавени вредности: Во семејствата со повеќе деца има љубов и среќа повеќе од доволно

Во денешно време, многу малку луѓе одлучуваат да имаат повеќе деца. Причините се различни за тоа – насоченост кон кариерата, недоволно финансиски средства, мал простор за домување и тн. Голем дел од младите веќе не мислат премногу на бенефитите од повеќе деца во семејството.

Со децата се подмладуваме. Секое ново бебе е убава вест и среќа во семејството. Тоа носи радост не само за родителите, туку и за поширокото семејство.

Големо семејство е голема радост. Старите луѓе често велат: каде што има за двајца, има за многу. Можеби има вистина во тоа? Тие не мислеле премногу дали имаат доволно финансии за растење на на плус уште едно дете.

Кога имате повеќе деца, тие никогаш нема да бидат осамени. Братчињата и сестричките се најдрагоцениот подарок кој можете да им го дадете. Тие креираат нераскинлива врска еден со друг и штом пораснат, секогаш имаат љубов, помош од поддршка.

Во семејствата со повеќе деца, децата израснуваат во зрели и одговорни луѓе со силен карактер. Учат заедно, учат едни од други, играат и стекнуваат вештини кои се неопходни за формирање здрави меѓучовечки односи подоцна во животот.

Тие што не растат сами даваат голема сила на своите браќа и сестри, и добиваат сила од нив. За нив, натпреварувањето е здраво, нормално, но и дел од животот и воопшто не се преоптоварени кога ќе изгубат или нема да добијат нешто. Тие така учат важни лекции за животот. Учат да бидат емпатични, да се силни, но и дека не се центар на светот и дека не можат секогаш да го добиваат тоа што го сакаат.

Децата навистина бараат финансии, време, љубов и внимание. Но, таквите грижи се незначајни во однос на тоа што ни го пружаат. Ако сакате големо семејство, дозволете да се случи тоа. Ќе имате љубов повеќе од доволно.