Заборавена рачна сопирачка направи хаос – возило се придвижи и удри друго кај „Рекорд“

Инцидент се случил синоќа на булеварот „Климент Охридски“, во близина на „Рекорд“, откако паркирано возило марка „цитроен“ се придвижило и го блокирало сообраќајот.

Според информации од очевидци, возачот го оставил возилото без да ја активира рачната сопирачка, по што тоа се поместило на коловозот. Во движењето, возилото се судрило со друго возило кое било во сообраќај.

Поради инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил привремено отежнат, а на местото интервенирала полицијата.