Забавна манифестација за деца преку проектот „10-ка за Карпош“

Ученици од сите основни училишта од Општина Карпош, заедно со своите наставници вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје организираа двочасовна манифестација во рамки на проектот „10-ка за Карпош“.

На манифестацијата, како што соопштува Општина Карпош, учениците се забавувале со најголемите хитови од Мајкл Џексон, Тина Тарнер, Pink Floyd, Queen, а биле прогласени и најдобрите училишта. Првото место му припадна на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, второто на „Владо Тасевски“, а трето на „Лазо Трповски“.