
Огнен Здравковски, „Пауза за Ракија“ и диџеј денеска на програмата на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“ во градскиот парк во Скопје.
На познатата локација „Школка“, скопјани до недела ќе имаат место за добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на фестивалските штандови.
Покрај винската понуда, „ВИНОСКОП 2026“ ќе понуди и богата гастрономска содржина, како и разновидна музичко-забавна програма со домашни изведувачи, бендови и диџеи. Програмата започнува во 18:00 часот во среда и четврток, во 17:00 часот во петок, а во сабота и недела ќе започне од 12:00 часот.