Забавата се сели во Дојран- денеска започнува „Д Фестивал“

Ако се уште не знаете каде да го поминете овој викенд, тогаш Д Фестивал ќе биде добар избор. Музички фестивал кој ќе трае 3 дена.

Маратонската тридневна музичка програма, атрактивните имиња на стотиците учесници, реакциите и интересот на публиката, огромниот број на специјални гости во дополнителната програма се само дел од фактите кои говорат дека пред нас е највозбудливото издание досега и дека за време на Д ФЕСТИВАЛ од 14-ти до 16-ти јули, Дојран ќе биде најпосакувана дестинација во Македонија, тврдат организаторите на фестивалот.

Во продажба остануваат тридневните и еднодневните влезници кои овозможуваат пристап до комплетната програма на фестивалот за соодветниот период, без опција за кампување на Фестивалот.

За време на трите дена и ноќи на Д ФЕСТИВАЛ ќе настапат АРХАНГЕЛ, РУДИМЕНТАЛ, РОНИ САЈЗ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, КУП ОСКАР ОРКЕСТРА, АЛИ ФАРКА ТУРЕ БЕНД, ТЕРАКАФТ, ЕГОРИТМИЈА, С.А.Р.С., СИНИСТЕР, СТРИНГ ФОРСЕС, ДА ЏАКА НАКОТ и уште многу други за вкупно над 50 музички артисти на петте фестивалски бини во Дојран!