Забава за паметење на првата фестивалска вечер на ПИВО ФЕСТ

Вчера вечерта започна големиот 15-ти по ред ПИВО ФЕСТ во Прилеп со ладно пиво, одлична музика и добра прилепска скара.

Како и до сега, така и оваа година, настапија и ќе продолжат да настапуваат мега-популарни имиња. Вчерашната вечер ја отворија „Ај кју“, а веднаш по нив настапија „Психомодо поп“. За крај на вечерта, бројната публика, имаше можност да ги слушне и види „Амадеус бенд“ од Србија.

Вечерва, најголемата забава во Македонија продолжува со Don Minott & Conguering Lion, потоа со најдобрите Нокаут и за крај со главната ѕвезда на вечерта Ален Исламовиќ.

Повеќе детали околу синоќешните рекорди во пиење ладно пиво и добра скара ќе има во текот на денот.

Бидете дел и вие од овогодинешниот Пиво Фест 2017. Прилеп Ве очекува. Се што треба да понесете е добро расположение!

Погледнте ја ФОТОГАЛЕРИЈАТА од вчерашната вечер.