За женските права низ дебата, предавање и изложба

Во вторник, 9 мај, во 19 часот, во ЕУ инфо центарот, ќе се одржи предавање “Еднаквоста помеѓу жените и мажите според Советот на Европа“, коешто ќе го одржи г-ѓа Ан Негр, експерт во Советот на Европа, доктор на науки и адвокатка. Предавањето е со симултан превод.

Воедно, ќе биде поставена изложбата на фотографии на Милан Стрезовски, насловена како „30 Портрети на жени коишто се борат за женските права“.

Имено, со цел промоција на родовата рамноправност и заштита на женските права, на 8 март, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Советничка за соработка и култура во Амбасадата на Франција и Директорка на Францускиот институт во Скопје, им даде збор на жените од Македонија, по повод Меѓународениот ден на женските права.

Проектот има за цел да ги истакне заложбите на жените кои, преку нивната постојана активност, секоја во своето поле на делување, ги менуваат стереотипите, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените.