За жените со слободна душа...

Тие имаат слободна душа, деца на природата, боеми... Како божиците на стариот свет, тие шетаат низ улиците, помеѓу обичните смртници, во сосема обични чевли. За овие жени, овој свет нема граници, а животот секогаш е авантура.

Ако сакате да бидете дел од нивниот живот, треба да ги знаете овие работи:

Најголем грев е да бидете предвидливи

Секако дека и тие зборуваат за обични работи, одат на работа и прават се за преживување, но тоа не е она што ги прави живи. Авантурата на животот, откривањето нови хоризонти се работи кои навистина го окупираат нивното внимание, а тие авантури можат да бидат и големи, но и мали, обични и секојдневни.

Тие можат да ја претворат својата дневна соба во подиум за танцување, не бегаат од дожд плашејќи се дека ќе им се расипе косата и дефинитивно не се плашат од тоа карминот да им се размачка додека се бакнуваат.

Денес можеби ќе отидат во диско и ќе танцуваат до крајот на вечерта, а утредента ќе отидат во музеј и ќе уживаат во уметноста.

Но, дефинитивно нема да направат една работа повеќе пати, барем не на истиот начин.

Не секогаш ги носат најпаметните одлуки

Да играш паметно значи да играш сигурно и внимателно...

Жените со диво срце се ужаснуваат од планирање. Покрај тоа, тие се многу љубопитни. Неизвесноста ги возбудува. На крајот на краиштата, добиваат добри анегдоти, смешни искуства, неверојатни ситуации. Дури и по цена на болка тие избираат да го слушаат своето лудо срце.

Но, сепак некако издржуваат...

Тие ги плаќаат своите сметки, купуваат храна, облека, работи, одат на прегледи, перат и поправаат работи низ дома. И покрај своите лудости и фактот дека не размислуваат за далечната иднина, тие сепак издржуваат и се многу силни.

Независни и горди

Тие не сакаат ничија помош, па дури и ако тоа оди на наивна штета. Во состојба се да газат по оган отколку да си ги признаат сопствените слабости. Тие се силни и се гордеат со тоа. Ако некогаш видите солзи на нивното лице – не го спомнувајте тоа никогаш!

Никогаш нема да се смират во буквалната смисла на зборот

Не се обидувајте да ги припитомите и да се обидете да ги обликувате по ваша желба. Нив секогаш ќе им треба простор за трчање, за танцување, за фантазирање и размислување. Секогаш ќе сакаат да патуваат, да видат се и да почувствуваат се. Доколку застанете на патот кон нивните авантури, тие ќе избегаат од вас...