За жените со диво срце...

Тие се слободни души, деца на природата, боеми... Како божици од стариот свет, тие шетаат низ улиците со сосема обични чевли, меѓу обичните смртници. За нив, овој свет нема граници и животот е секогаш авантура. Ако сакате да бидете дел од нивниот живот, треба да ги знаете овие работи:

Најголем грев да се биде предвидлив

Секако дека и тие зборуваат за секојдневни работи, одат на работа и ги прават сите нормални работи. Но, тоа не е она што прави да се чувствуваат живи. Авантурите, откривањата и новите хоризонти се работи кои го окупираат нивното внимание, а тие авантури можат да бидат големи, но и сосема мали, сосема секојдневни. Тие можат да ја претворат својата дневна соба во подиум за танцување, да играат на дождот наместо да се засолнуваат од него. Не се плашат дека бакнежите ќе им ја размачкаат шминката. Ќе направат многу работи, но никогаш истата работа на ист начин.

Не носат секогаш најпаметни одлуки

Тие се ужаснуваат од планирање. И многу се љубипитни. Често прават непромислени работи, затоа што неизвесноста ги возбудува. Од сето тоа извлекуваат интересни поуки кои еден ден ќе се претворат во смешни анегдоти, неочекувани средби и неверојатни ситуации. Овие жени секогаш го слушаат своето срце.

Издржливи се

Тие ги плаќаат сметките, купуваат храна, облека, одат на прегледи и ги прават сите обврски кои се очекуваат од нив. И покрај своето лудо и диво срце, тие не размислуваат за далечната иднина и ги издржуваат сите удари на сегашноста.

Независни се

Тие не сакаат помош од никого – дури и да предизвика штета по нив. Тоа не значи дека никогаш не им е потребна помош, туку дека не сакаат да си ја признаат слабоста. Тие се силни и горди на својата сила. Ако некогаш видите солзи на нивното лице – тоа не го спомнувајте.

Никогаш нема да се смират во класична смисла на зборот

Не се обидувајте да ги вметнете во шаблон и да ги припитомувате. Тие никогаш нема да бидат она што се очекува од нив. Тие го прават она што сметаат дека е природно и убаво. Но, секогаш ќе им треба простор за трчање, танц, за мечтаење и размислување. Сакаат да патуваат, да го видат светот. Ако се обидете да им застанете на паметот, ќе избегаат од вас.