За жената во паркот, која гледа во својот телефон, оставајќи ги децата на мир...

Голем поздрав до жената во паркот која гледа во телефонот, оставајќи ги децата на мир.

Затоа што не ти е гајле за мислењето на јавноста дека мораш да бидеш на должност 24 часа на ден. Затоа што не ти е гајле за мислењето на „вознемирените мајки“.

За жената која и покрај купот садови решава да испие едно кафе со пријателките – голем поздрав и до тебе!

Да бидеш добра мајка или жена НЕ значи дека треба да поминеш цела вечност чистејќи ја куќата.

До жената во лекарската ординација, која трпеливо чека за да побара помош – голем поздрав и до тебе.

Постпородилната депресија не е шега. И натаму се држиш, немој да мешаш депресија со откажување, презема мерки и делуваш како жена која успева да се носи со тоа. Често мешаме слабост и сила. Да побараш помош значи да бидеш силен. Ти си силна. Многу жени минуваат низ истото, само не зборуваат за тоа.

До жената која сѐ уште не ги изгубила килограмите после породувањето – голем поздрав и до тебе.

Првите денови од новата 24-часовна работа за која не се добива плата и која ќе трае барем 20 години НЕ СЕ добар момент за да се откажеш од колачот. Изеди едно колаче и батали ги овие што немаат попаметна работа. Твоето постпородилно тело не смее да биде предмет на слободно коментирање.