За жал, понекогаш љубовта едноставно не е доволна...

Долго време се прашував колку можам да трпам глупости од еден човек. Се прашував уште колку многу работи треба да поднесувам за да сфатам дека мојата врска повеќе не ме исполнува. Секогаш има две верзии на една приказна. Потребни се двајца за танго и двајца за раскинат врска.

Љубовта може да ти донесе толку многу задоволство, но може и да те уништи целосно. Кога човек е заљубен, но едноставно ѕвездите не се поклопени за работите да успеат, човек едноставно треба да си замине. Да, никој не сака да признае дека сите работи во комбинација едноставно прават врската да биде неодржлива и нефункционална.

Има луѓе кои можат да толерираат многу работи и луѓе кои не можат. Како и да е, сите длабоко во себе знаеме што ни треба и кои се нашите граници. Не дозволувајте никој да ви каже поинаку. Кога ќе ви дојде преку глава, ќе најдете доволно сила за да продолжите понатаму.

Немојте да мислите дека со вас нешто не е во ред. Вие имате право да го гледате светот како сакате и да најдете некој кој едноставно повеќе ви одговара.

Нема временско ограничување за тоа кога човек треба конечно да продолжи понатаму и да стави крај. Не брзајте. Дајте ѝ шанса на љубовта и направете сѐ што можете за да успеете.

Ако успее, значи сте ја нашле љубовта на вашиот живот.

Ако не успее, да сте живи и здрави – барем знаете дека сте љубеле и сте дале сѐ од себе.

Донесете одлука која ултимативно ќе ви донесе среќа на крајот.

Вашата среќа е најважно нешто на светот.