За зелен и чист Карпош: Засадени нови садници на Зајчев рид (фото)

Карпош се сака и со акции за зголемување на зеленилото и зелените површини!


Членовите на граѓанската иницијатива ШумаВоГрадот засадија нови садници на Зајчев рид.


-Ја поздравувам оваа акција, еко - активизам и општествена одговорност што ја покажуваат граѓаните.Само заеднички и координирано може да го намалиме загадувањето и да ја заштитиме животната средина, велат од општина Карпош.