За законот за пазари ќе одлучува Уставен суд: Пазарџиите пред одлука за генерален штрајк

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари.

Се уште стојат на ставот дека тој мора целосно да се повлече. В среда ќе објават дали ќе стапат во генерален штрајк. Во меѓувреме, претставници од скопските, се консултираат со пазарџиите од другите градови за натамошното делување.