Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари.

Се уште стојат на ставот дека тој мора целосно да се повлече. В среда ќе објават дали ќе стапат во генерален штрајк. Во меѓувреме, претставници од скопските, се консултираат со пазарџиите од другите градови за натамошното делување.