За време на пресот, Филипче даде насоки за помош на болно лице

Прес-конференцијата на министерот за здравство накратко беше прекината, за да даде насоки за лечење на болно лице. 

-Го извадиме од дома не може повеќе да чекаме, дали овој човек може да го оствари правото за да биде примен во болница - го праша министерот случајниот минувач кој побара помош до двајцата доктори. Се работи за тешко болно лице кое има потреба од лекарска помош во време на пандемија, која не е поврзана со ковид-19. 

-Однеси го веднаш на трауматологија и јас ќе дојдам таму, рече министерот Филипче - кој лично го праша пациентот колку време е во инвалидска количка и дали се чувствува добро, пренесе Локално.