За време на полицискиот час запален летниковец во парк шумата Гази Баба

За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба. Пожарот го забележале нашите градски инспектори кои правеле рутинска контрола со помош на дрон. Фотографиите беа објавени на фејсбук страната на град Скопје.

Од таму информираат дека со брзата реакција на скопската пожарна не се дозволило пожарот да се прошири и направи поголема штета.