За влез во земјава се чека и по еден час

Денес на граничните премини за влез во земјава се чека и по еден час, а за излез по 30 минути.

Во извештајот на АМСМ за состојбата на патиштата, се наведува дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во Македонија времето на чекање е околу 1 час. На ГП Богородица времето за чекање за излез е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.