За влез во државава се чека и по 30 минути

Денес, на Табановце се чека околу 30 минути поради голема фрекфенција на возила.

Како што информираат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во Македонија, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.