За влакно избегната авионска несреќа над Скопје

Рано изутринава авион кој леташе на релација Прага – Скопје, а во кој се наоѓаше и министерот за надворешни работи Никола Попоски принудно слета на аеродромот „Александар Велики со што е избегната поголема авионска несреќа во близина на Скопје“. - вака изгледаа првите вести на речиси сите медиуми токму на овој ден пред четири години.

Медиумите информираа дека откако авионот на чешката компанија ЦСА Боинг 737-700 над скопскиот аеродром кружеше околу 40 минути, капетанот соопшти дека авионот има мал технички проблем, односно дека еден од деловите на крилата кои служат за кочење не работи, па ќе мора принудно да слета.

Екипажот потоа ги обучи патниците за принудно слетување, односно беше речено да се извадат потпетиците, протезите, очилата, да се раскопчаат кошулите и сите да седнат во фетусна положба со рацете да ја заштитат главата. При слетувањето се појави чад од гумите, а капетанот го запре авионот на речиси крајот на пистата која неодамна беше продолжена.

Околу пистата беа распоредени противпожарни и возила за брза помош. Сите патници, меѓу кои и известувачот за Македонија во Европарламентот Ричард Ховит и две новинарски екипи безбедно слетаа.

Концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија тогаш соопшти, според информациите добиени од нивниот оперативен центар, леталото на ЦСА имало технички проблеми и поради тоа имало принудно слетување.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша за драматичната стиуација. “Принудно слетување. Снег на пистата. Противпожарни возила наредени. Стујардестите велаа: Молете се, молете се, молете се. Персоналнот на ’Чех ерилајнс’ херои.