За викендот нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса денеска попладне и за време на викендов времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.