За викенд повторно нè очекува постабилно време

До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира УХМР.

Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето. Утринските температури ќе опаднат, а дневните ќе бидат во постепен пораст.