
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен, прогнозираат од УХМР.
Во попладневните часови утре се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.