За утре најавени прекини во водоснабдувањето во Бутел и Карпош

ЈП Водовод и канализации за 25 мај 2021 најавува два прекина на водоснабдување во делови од две скопкси општини. 

-на ден 25.05.2021 година (вторник)  поради чистење и дезинфекција на  резервоарот во село  Радишани (ниска зона) можен е краткотраен прекин во водоснабдувањето во периодот од 09.00 до 11.00 часот на корисниците од село Радишани. (општина Бутел)

-поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Букурешка бр.81, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Букурешка и Париска. (општина Карпош)