За Универзална сала од Владата се одвоени средства само за надворешниот дел, вели Арсовска

Во однос на реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во интервју за МИА, вели дека во рамките на тоа што е договарано со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во Советот на Град Скопје ќе се дискутира кои се опциите за изнаоѓање најдобро решение за Универзалната сала.

 - Средствата коишто се одвоени за Универзалната сала во 2021 година, се одвоени од страна на буџетот на Владата и тие го опфаќаат само надворешниот дел, а во однос на проектирањето и изведбата на внатрешниот дел на Универзалната сала, нема ниту готов проект во рамките на Градот, ниту пак имаме соодветно финансирање коешто е сериозно и коешто би опфатило од прилика речиси до 10 проценти од целокупниот буџет на Градот Скопје, што е сериозна сума што би требало да се одвои, посочи Арсовска.