За три часа санкционирани 111 возачи за брзо возење на територија на цела држава

При контрола на сообраќајната полицијата со радар за ноќни услови вчера од 21 часот до полноќ сообраќајната полиција санкционирала 111 возачи кои возеле над дозволеното.

Како што соопшти МВР, од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.

Полицијата најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.