
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во вчерашното гостување на ТВ Канал 5, изјави дека според него, една од најцрните дамки во поновата македонска историја била насилната промена на уставното име.
„За мене лично, една од најцрните дамки што ќе ми остане запаметена, а е негативна, бидејќи така го поставивте прашањето, е насилната промена на уставното име. Тоа би го издвоил како една од најцрните дамки на поновата македонска историја, истакна министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Канал 5.
На прашањето да издвои еден настан, кој го смета за позитивен и еден за негативен од осамастојувањето на државата до денес, а по повод одбележувањето на 35 години независност, Тошковски изјави дека најпозитивен е самиот чин на осамостојување.
„Конечно, по многу векови, имаме своја сопствена, самостојна и независна држава, од пред 35 години па наваму, не во рамките на одредена федерација, не во рамките на одреден сојуз, туку токму она што го посакувале огромен број генерации, многу генерации од нашите предци“, посочи министерот.