„За танго се потребни тројца“ е поентата на „Кајмак“?!

„Кајмак“ руши рекорди во гледаност во земјава. Најновото филмско остварување на Милчо Манчевски се прикажува низ речиси сите кино сали во земјава, а одзивот е масовен.

Стручната критика го даде звојот збор за филмот и уметноста на нашиот реномиран режисер, но она што останува да „лебди во воздух“ се впечатоците на обичните гледачи.

Дел од нив велат дека не ја сфатиле крајната порака на филмот.

„Да почнеме во тројка, дали тоа е пораката на филмот“ е едно од главните прашања кое на шега го поставуваат дел од оние кои го фледале филмот, но се во недоумица за пораката што содржината ја испраќа во набојот на уметнички сцени.

„За танго се потребни тројца“ е всушнот и дел од лајт-мотивот на филмот.

-Го изгледав филмот, и некако останав недоречен за она што треба да го понесеме како главна поента од истиот. Дали пораката е дека треба да пробаме да функционираме како тројки? Дали пак, треба време да се сфати главната поента на оваа уметност?

-Најмногу ме трогна сцената со злоупотреба на девојчето со посебни потреби. Беше тажно, морничаво, трогателно...

-Очекував дека ќе има секс сцени, со оглед дека станува збор за филм на Манчевски, но до волку многу не. Навистина е претерување...Тие зад мене во публика коментираа дека им се згадило, па почнаа да стануваат....

-Што е работата со тројките. Не знам, но мислам дека нема потреба од суптилно пропагирање на вакви форми на функционирање, љубов и не знам што не.

-Две тројки. Не знам. Сцените и ефектите се феноменални, но содржински се разочарав од филмот. Некој да ми каже која е главната поента на филмот?