За стресот, осаменоста, духовноста и личниот развој - Професорката Алексиќ со одлични поенти

Професорка по македонски јазик во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјна Алексиќ секогаш е гласна за бројни општествени теми. 

Во „постпразнична“ објава на својот фејсбук профил порача: Колку и да сте разочарани во образовниот систем, негувајте го во себе образовниот процес дур сте живи. Колку и да не верувате во моќта на книгите, читајте ги! 

За менталното здравје, осаменоста, духовното надоградување, одлични поенти од популарната професорка: 

- После многу храна и вино, забави и тулуми, организмот бара примирје, малку осама... Едно е да си сам, друго е да си осамен. Човек може да живее сам, изолиран како на пусто острово, но да не се чувствува осамено. Ако не си во депресија или анксиозност не мора да значи дека си во добра ментална кондиција! Добра ментална кондиција се стекнува со добра врска помеѓу смислата на животот и личниот развој. 

- Староста е многу полесна ако во младоста си бил духовно реализиран. Покрај образование, уште побитно за здрава психа е добра здравствена кондиција. Физиолошките супстрати се база за добар имунитет и справување со стрес. 

- Кога една личност ги поседува трите елементи: образование, здравствена кондиција и хормонален баланс меѓу умот и телото, има можност за водење здрав животен стил: здрава исхрана, здрави меѓучовечки односи, физичка активност и одбегнување на лоши навики, штетни за психо-физичкото здравје. Покрај превенција потребна е и промоција на информации за ментално и физичко здравје, чести разговори со компетентни, стручни лица кои што може да ни укажат на време како да се надминат психичките тегоби, анксиозност, депресија и губење смисла за живот...