Листа на ветеринарни друштва за бесплатно микрочипирање во цела Македонија!

Сопствениците на домашните миленици до март наредната година ќе можат бесплатно да им стават чипови, а со минимален намосток да им извадат пасош.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Подобра здравствена заштита и благосостоја на вашето милениче, како и решавање на проблемот со кучиња скитници и неодговорни сопственици се причините поради која Агенцијата за Храна и Ветеринарство нуди бесплатно микрочипирање на домашните миленици.

За таа цел се склучени договори со речиси сите ветеринарни друштва во Македонија (вкупно 135 на број), па сопствениците на миленици може сами да одберат каде ќе однесат своето маче или куче. Овде можете да ја најдете и деталната Листа на ветеринарни друштва за бесплатно микрочипирање во цела Македонија.

„Кампањата трае до крајот на март, односно додека има микрочипови. Поради тоа ги повикувам сопствениците да ја искористат можноста и што побрзо да завршат со оваа обврска. Доколку милениците не се идентификувани можат да добијат казна која се движи од 50 до 75 евра“, посочи директорот на Агенцијата Зоран Атанасов.