За сите жени кои не се свесни колкава сила и моќ носат во себе

Најсилните жени понекогаш ни самите не знаат колкава сила носат во себе, додека не се ставени во ситуација да ја покажат. Понекогаш тие не разбираат, ниту пак разговараат со другите што значи да се биде силна жена. Дали тоа значи цврсто стоење на земја? Дали значи борење против стереотипите? Дали тоа значи прифаќање на своите чувства?

Дали всушност постои дефиниција што е тоа силна жена?

Во денешно време, голем дел од жените се борат да бидат еднакви со мажите, да бидат прифатени. Тие сакаат да стојат рамо до рамо со мажите и да ја измерат својата сила. Но, тоа не оди така. И мажите и жените имаат различна сила во себе, секој човек има различна патека и секој од нас своја вистина.

За да кажеме дека некоја жена е силна, треба да потврдиме и дека постои жена која не силна. Но, познавате ли таква? Познавате ли една жена која не можете да ја наречете силна жена?

Дали е сила таа да си замине од личноста која ја повредува постојано? Дали е сила да се остане и прости? Дали е сила да се посветиш на своето тело? Дали е поголема сила да вложува во својот ум? Дали е силна онаа жена која ужива во својата сексуалност? Или силна е онаа која е нежна и ја чува својата невиност за некој кој го сака? Дали силата значи грубост? Дали тивките жени се силни жени?

Кога ќе се обидеме да дадеме одговор на сите овие прашања, ќе се согласиме дека голем дел од жените кои ги познаваме се навистина силни. Исто така, ќе се сложиме дека не постои етикета, ниту пак утврдена дефиниција за силната жена.

Сепак, секоја жена треба да се спознае себеси. Да утврди за што се бори и против што. Да не дозволи никој да ги промени нејзините перспективи и вредности. Најважно е таа прво да се прифати себеси таква каква што е, да работи на тоа каква сака да биде и да биде храбра да го направи она кое го посакува. Најголемата сила лежи во тоа. Силата не лежи во туѓите дефиниции, туку во сопствената борба.

Затоа жени, бидете силни. Борете се за тоа што го посакувате, но не тоа што општеството го наметнува како слика за една жена, туку борете се за своите вредности и верувања кои ги имате во себе. Простете си себеси, направете мост меѓу вашето минато и иднина. И, каде и да се појавите, борете се за себе. Не дозволувајте никој да ви покаже дека не вредите или да ве натера да верувате во тоа.

Бидете силни, моќни, храбри, убави, посветени. Бидете борци.