За сите жени кои често забораваат на себе

Во денешно време, тешко е да се биде мајка, сопруга, домаќинка, посветена на домот и работата, сопругот, децата, пријателите. Се чини како да сме ставени во барабан во кој постојано вртиме и треба да даваме се од себе за да имаме се.

Во таквата трка со животот и обврските и одговорностите кои ги носи, многу жени забораваат на себе.

Тие забораваат на тоа што го сакаат и им е потребно, забораваат на нивните желби, ставови, мечти. Како да мораат да исполнат некакви цели и ветувања кон другите секој ден, односно секоја минута од него и кога веќе ќе дојде крајот на денот, нурнуваат во сон и се обидуваат што побрзо да заспијат, за да можат да се одморат и да продолжат со следниот ден, скоро ист како претходниот.

Но, зарем сето тоа не е борба со ветерници?

Силна жено, престани да даваш се од себе без да си ја одземаш моќта. Не се труди онаму кадешто твојот труд не е ценет.

Почни да се гледаш во огледало и да сфатиш што ти треба. Не ставај насмевка секој ден на своето лице за другите. Не мора секогаш да бидеш силна, насмеана храбра. Создади ја таа насмевка за себе, носи ја моќно, биди горда на неа, речи си себеси дека тоа е тоа.

Купи си цвеќе, обични зумбули од бабичката што ја среќаваш секој ден. Затвори ги очите и почувствувај го мирисот. Забележи како ја менуваат просторијата во која секој ден даваш се од себе.

Потсети се на напорот кој го даваш за другите и гордо побарај го истото за себе. Потсети се на силата и вештините кои ги имаш и престани да молчиш. Сети се на солзите кои ги лееш за нештата и луѓето кои не го заслужуваат тоа.

Ти имаш крилја, ти имаш сила. Имаш огромна моќ во себе.

Употреби ја!