За сите вкусови - Декември носи празнични концерти и спектакли во Скопје

Декември традиционално носи низа интересни културно-уметнички и музички настани за сите генерации и вкусови во Скопје. 

За 20. декември во Арената „Борис Трајковски“ е закажан концерт „Новогодишна идила“ на нашиот легендарен Симон Трпчевски. 

Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавуваат од продукцијата која го организира концертот.  

На 21. декември, исто така во  „Борис Трајковски“ концерт е одржи српскиот пејач Саша Матиќ, а три дена подоцна, на 25.декември исто во „Борис Трајковски“ доаѓа миленикот на македонската публика Аца Лукас кој е редовен гостин во Скопје.

Интересен настан во Макеоднската опера и балет е закажан за 31.декември, ноќта на дочекот на Новата година. 

- Ексклузивен, поинаков и единствен дочек на новата 2025 година, музичко кабаре шоу со Иван Босиљчиќ, кабаре, музика, стен дап комедија..After party - сала мала сцена, retro night со единствената Dj Вера Јанковиќ, најавуваат органзиаторите на овој настан. 

За најмалите, на 14 декември во „Борис Трајковски“ ќе има спектакл на мраз, а на 22.декември интересна и богата детска програма во „Јане Сандански“. 

За сите овие настани влезот е платен.