За сите петки во сведителство илјадарче

Таблет, мобилен, велосипед, пари...Се дел од наградите кои родителите и блиските роднини им ги ветуваат на децата ако во сведителствата видат петки.

Честопати родителите во текот на годината за да го мотивираат своето дете повеќе да учи му нудат одредена нагрда за да ги поправи оцените.

Но, најновото истражување покажува дека подароците за постигнатиот успех не се добра идеја. Според професорот Ричард Рајан од Универзитетот од Њујорк, на децата кога ќе им се вети дека ќе добијат награда ако ги поправат оцените тие се мотивираат да учат само за да го добијат подарокот, со ваквиот пристап тие не можат да си го надоградат своето знаење.

-Не треба родителот да го мотивира и тера детео да учи за да добие телефон, тоа треба самото, да ги сфати вредносите и упорноста за да нуачи. Потребно е родителот на друг начин да го мотивира детете пример заеднички да го прослават успехот да одат на излет, вечера...Наградувањето и прославата се две различни работи вели Рајан.

-Јас сакам да го наградам трудот, а не резултатот. Има деца кои без многу мака добиваат петки, додека некои треба повеќе да вложат труд за да добијат четворка. Каква порака праќаме ако го наградиме само ученикот кој поминал со петки? Значи трудот на другиот не е вреден? Личниот успех на детето подобро е да го прославам отколку да го наградам, а најмногу сакам да славам кога ќе видам дека моите деца се убаво воспитани и помагаат на другите. Во принцип тоа и е најважното, не оцените во днвеник, вели Александра мајка на две деца.