За сите оние на кои им недостига некоја личност која не е повеќе дел од овој свет

Кога ќе се поминат сите фази на тагата, таа доаѓа во бранови.

Лошите денови доаѓаат понекогаш. Понекогаш, успевате да најдете убавина и насмевки во животот повторно. Понекогаш навистина се чувствувате среќни. но, постојат и денови кога сето тоа се менува. Постојат денови кога без оглед на тоа што и да направите, тагата напаѓа толку силно, што не можете да се ослободите од неа.

Празници

Празниците се период кој го минуваме со оние кои ги сакаме и затоа тогаш тагата е најсилна. Без оглед на тоа колку денови, недели и години поминуваат по загубата, се чини дека овие денови секогаш ја носат истата празнина. Тогаш го чувствуваме нивното отсуство. Тие не се таму. Нивниот дел од масата е празен. Традициите веќе не се исти без нив.

Бидете со оние кои ги сакате

Без оглед на тоа колку сакате да легнете во кревет, да се стуткате и исплачете – не го дозволувајте тоа. Бидете околу оние кои ги сакате. Останете зафатени, посветени на нешто. Не и се препуштајте на тагата. Дозволете си себеси да се смеете, дури и кога тоа е навистина кратко. Дури и во најтажните делови од денот, бидете со луѓето кои ви значат. Немојте да бидете сами.

Потсетете се на убавите спомени

Не борете се против тагата. Не ја потиснувајте во себе. Во ред е да плачете. Без оглед на тоа колку време поминало, многу нормално е луѓето кои не се веќе со вас да ви недостасуваат. Со нивното заминување, замина и дел од вашиот живот и тагата е дел од вас.

Но, потсетете се и на убавите спомени. Потсетете се на времето кое го поминавте заедно. Потсетете се и насмевнете се. Чувајте ги во своето срце.

Кажете им на оние кои ви се блиски дека ги сакате

За жал, кога ќе изгубиме сакана личност учиме дека животот навистина е краток. Понекогаш не ни добиваме шанса да им кажеме збогум на оние кои највеќе ги сакаме. Не ја пропуштајте шансата да ги потсетите дека ги сакате оние кои ја заслужуваат вашата љубов.