За сите оние кои не земале туѓо пасошче и што не фатиле сè уште џаде

Завршив факултет, имам магистратура и 26 години.Сите околу мене си се снајдоа кој во банка, администрација, министерства, останав само јас без работа.

На почетокот бирав каде ќе аплицирам, но дојде време кога сфатив дека не треба  да имам его и си ги спуштив стандардите.

Отидов на оглас за кој се бараше кол - оператор во една фирма.Се облеков нормално балетанки, панталони, кошула, малку шнинка и заминав.Во фирмата ме пречека шефот кој прво визулено ме измерка од глава до пети.Не му беше битно работното искуство туку дали имам добри нозе за да облечам мини здолниште кое беше дел од униформата. Се запрепастив кога ги видов девојките кои веќе беа примени.Нападна шминка, раскопчани кошули...Подголтнав и си реков не сум за овде едноствно не можам вака да функционирам.

Начекав оглас за вработување во министрество. Во огласот беше нагласено дека мора да се испрата или лично достават документите од завршеното образование и приота да бидат заверни на нотар. Се потерав, копирав, дадов пари за заверки и појдов да ги досатавм.Случајно се сретнав со еден другар кој веќе работи во министерството кој во довреба ми кажа дека за тие работни места веќе се примени луѓе...Нормало се разочарав, ако не аплицирав ќе ми беше мака, вака барем јасно ми стна да не трчам по вакви огласи каде само изграваме марионети...

Меѓувреме една другарка ме имаше препорачано во една фирма за работа во одделот за човечки ресурси.Отидов и се запознав со газдата. Човек од шеесетина години.На прв поглед делуваше сериозно, но за кратко сериозноста ја премина границата кога ме праша дали имам момче, реков не, одлично, мислам дека малку си крупна девојка за оваа позиција кога би те вработил би трабло да ослабеш некое килце, во суштина мене ми треба асистент – секретар... ми падна непријано.Види предходната секретарка беше топ девојка плавуша, секогаш средена и купив кола полесно да може да си ги извршува обврските знаеш мене ми треба девојка која во секој момент ќе може да ме услужи и да ти се јавам во 21 часот и да ти кажа дојди со мене на службена вечера ти ќе мораш да бидеш присутна...Како што објаснуваше дотичниот господин почна да ми се гади, едвај се воздржав со нетрпение го чекав крајот..Ме праша колку плата сакаш без размислување тропнав 20 илјади, се поднасмевна и ми рече за оваа позиција почента плата е 10 илјади денари...Се заблагодарив си ја земав ташната во рака и излетав низ врата да земам воздух....Оваа работа беше повеќе од секретарска. Ми идеше да ги искина документите од мака....

На некои места ќе те гледаат како човек за да пополни место во огласот, на други како придружничка, а дали си способени и какво образование имаше очигледно не е битно.

Поминаа скоро две години од моето брање на работа и кога ја изгубив надежта, си најдов примерна работа.Денес работам во една приватна фирма  за дизајн.Кога ќе се сетам низ какви фрустрации поминав ми се ежи кожата.