За сите оние кои изгубија драга личност во 2020

Целата година беше тешка, специфична, чудна, измачувачка за многумина од нас.

На самиот почеток на годината слушнавме за смртта на познатиот кошаркар Коби Брајант, но никој не можеше да предвиди што сè ќе донесе оваа проклета година. 

Но, најголемата болка припаѓа кај оние кои изгубија блиска личност во 2020 година, оние кои во текот на претстојните празници ќе имаат празно место на трпезата, оние кои ги живеат најтешките мигови од својот живот.

Кога ги губиме луѓето се потсетуваме колку е кревок животот и колку е важно да се грижиме и да ги сакаме луѓето додека се живи. Но, додека се соочуваме со болката од оние кои ги изгубивме, највеќе што можеме да направиме е да се потсетиме на убавите мигови со нив, на нивната среќа додека беа живи и она што ни го дадоа во нивниот живот на овој свет. Не можеме да ги вратиме назад, можеме само да живееме со нивниот спомен и да ги споменуваме секогаш кога ќе седнеме на трпезата во претстојните најголеми празници.

Оваа година смени многу нешта за сите нас, но не ја смени болката која ја чувствуваме кога ќе изгубиме драга личност. Го смени само начинот на којшто мораме да ги испратиме, брзо и без посебен поздрав, почитувајќи ги сите мерки кои мораат да се запазат. Животот е тежок и постојано губиме драги луѓе, но во 2020 тоа стана уште потешко. 

Затоа бидете тука за вашите сакани додека се на овој свет, сакајте ги и покажете им колку ви значат бидејќи кога ќе ги нема, веќе е предоцна за тоа. Луѓето се важни а особено е важна поддршката во најтешките времиња, затоа не заборавајте и на оние кои изгубија драга личност годинава.

Затоа, за секое празно столче на бадниковата вечер и божиќниот ручек, потсетете се на кршливоста на животот и не заборавајте да ги спомнете оние кои ви недостасуваат.