За сите оние кои имаат чувство дека се заглавени во животот...

Сите понекогаш имаме чувство дека сме изгубени и заглавени и дека не се движиме во животот. И тоа најчесто се случува кога ќе почнеме нашиот пат да го споредуваме со животот и патиштата на другите луѓе. Лесно е да мислите дека не правите доволно работи кога гледате и мислите дека сите други се движат и прават нешто. Но, споредбата со другите нема да ве однесе никаде.

И како да се тргнете од тие размислувања и како да ја надминете таа криза? Едноставно, следете ги овие неколку потсетници.

Имате избор во животот

Вие не сте беспомошни. Можете да го промените вашиот живот ако навистина го сакате тоа. Не ви се допаѓа работата? Почнете да барате друга работа. Не ви се допаѓа вашата врска? Или поработете на неа или раскинете. Вашиот живот е во ваши раце, затоа преземете нешто.

Вие не сте заглавени, вие само си давате оддишка за да се пронајдете себеси

Откако ќе дознаете што НЕ сакате да правите, можете да почнете да го барате она што го сакате. Животот е полн со тестови и грешки. Ова чувство на заглавеност покажува дека треба да си го освежите животот и тоа е океј. Сега можете да трагате по животот по кој копнеете.

Сѐ е минливо

Ова чувство ќе помине. Овие времиња ќе поминат. Нема вечно да се чувствувате заглавено, затоа што ништо не е трајно. Дозволено ви е да продолжите понатаму и да бидете слободни. Прифатете дека ова не е крај. Сфатете го како мотивација да се борите за подобра иднина.

Не мора секогаш да сѐ да знаете однапред и не мора сѐ да биде испланирано

Додека нечии животи изгледаат совршено однадвор, треба да знаете дека и тие луѓе понекогаш се чувствуваат исто толку изгубено како и вие. Не го споредувајте вашето патување со туѓите патувања низ животот. Потсете се себеси дека е сосема океј да ги немате сите одговори. Оставете си простор за да ги научите работите.

Фактот дека сте сфатиле дека сте заглавени значи дека сте на вистинскиот пат

Тоа значи дека сте свесни за себеси и дека обрнувате внимание на вашите потреби и желби. Време е да станете и да почнете да ги остварувате соништата!

Фактот дека сте заглавени не значи дека сте неуспешни

Не сте ја изгубиле оваа игра наречена живот. Ова е само преоден период во вашиот живот и тоа значи дека сте подготвени за ново поглавје, нова игра или нова отворена врата.

Животот не е нешто што едноставно ви се случува

Сѐ се случува затоа што вие сте избрале да се случи. Вие ја избирате вашата кариера и пријатели. Но, добрата работа е што ако не ви се допаѓа нешто, можете да го промените тоа. Можете да излезете од комфорната зона и да направите нешто што обично не правите.

Ништо не е толку страшно како што изгледа

Идејата дека треба да промените нешто може да биде страшна, но навистина не е. Денес нека биде првиот ден од остатокот од вашиот живот. Направете мал чекор напред. И тоа е доволно за да ве подбутне малку. Отворете го умот за нови искуства. Добрите работи ќе почнат да се случуваат кога ќе ја прифатите идејата и ќе дозволите да ви се случат.

Нема ништо лошо во тоа да кренете раце од нешто

Сите ни велат дека не треба да се откажуваме, но понекогаш во ред е да се откажете од работата која не ја сакате, врската која ве прави несреќни и океј е да си земете време малку да здивнете, сѐ додека тоа е транзиција кон нови нешта.

Животот има подеми и падови. Сите правите грешки и влегуваме во досадни рутини. Животот не е секогаш совршен и работите не се секогаш интересни. И тоа е океј. Во овие моменти, запомнете дека вие сте само човек и дека имате контрола над својот живот!