За сите оние кои даваат сè за луѓето кои не го забележуваат тоа

Некои луѓе едноставно се родени така. Тие се грижат за другите и сакаат со целото срце. 

Тоа е огромен квалитет, тие се водени од своето срце, но често луѓето не ја забележуваат нивната огромна вредност. Овие луѓе го гледаат најдоброто во другите. Тие не ги забележуваат луѓето кои немаат најдобри намери, оние кои сакаат да ги искористат другите по секоја цена и оние кои не се тука на овој свет за да сакаат.

Некои луѓе се едноставно родени да сакаат, да им помогнат на другите да бидат најдобра верзија од себе и да го дадат најдоброто од себе во меѓучовечките односи и нив премногу ги боли кога некој ќе ја злоупотреби нивната добрина. 

Посакуваме светот да е добро место во кое ќе бидат препознаени поради она што го прават за другите, сиот напор кој го вложуваат и љубовта која ја даваат, но за жал светот често е сурово место за нив. Многу често тие мислат дека некаде грешат, дека можеби не треба така и дека треба да се променат за другите.

Но, тие често не знаат дека се ретки дијаманти на овој свет. Тие не знаат дека еден ден во нивниот живот ќе дојде слична личност на нив, која ќе ја цени нивната топлина и добрина. 

Еден ден, љубовта која ја давате на целиот свет ќе се врати во најубавата можна форма и тогаш ќе знаете дека кармата сепак постои. Дека светот навистина е убаво место во кое можеби нема сите да ја ценат љубовта и добрината, но постојат оние луѓе кои се слични на вас кои ќе го препознаат тоа.

Во меѓувреме, знајте дека сте подобри.

Од оние што ве оставаат да чекате.

Од оние кои играат игри и мислат дека се подобри од другите.

Од луѓето без емоции кои немаат срце.

Од оние кои си заминуваат без збор.

Тогаш ќе сфатите дека колку и да ве болело, тие луѓе не ве заслужувале, но ве донеле до најпрекрасните луѓе во вашиот живот.