За сите оние кои дале премногу втори шанси во животот...

Човек треба да биде отворен кон луѓето во животот.

И да, многу често тоа значи дека ќе бидеме повредувани и дека луѓето ќе ја злоупотребуваат нашата доверба.

Но, понекогаш едноставно луѓето прават грешки. Тие се составен дел од нашиот живот. Секоја нашата постапка има и соодветна последица. На секоја акција има и соодветна реакција.

Секако дека сите луѓе не заслужуваат втора шанса.

И да, верувам дека досега сте дале премногу втори шанси во животот, што дури посмислувате да не дадете ниту прва шанса на луѓето.

Но, застанете.

Земете длабок здив.

Зошто да се движите меѓу црното и белото, меѓу екстремите?

Да, можеби не треба да давате втора шанса на секого, но тоа не значи дека треба да се оттуѓите од сите луѓе во животот и да не им дозволите ниту прва шанса.

Треба да бидете попретпазливи со вашето срце и да дозволите другите луѓе да ја заслужат вашата доверба, но тоа нема да се случи доколку ги оттуѓувате сите луѓе кои се трудат да влезат во вашиот живот. Не се расфрлајте со шансите кои ги давате, но не ги одземајте можностите за некој прекрасен да влезе во вашиот живот.

Дишете длабоко. Издишете.

Исправете ја главата. Знам дека сте разочарани. Луѓето многу често разочаруваат и повредуваат и најчесто прават да се нервираме што воопшто сме им дале шанса.

Но, помислете што би се случило кога во вашиот живот не би ги имале сите прекрасни луѓе кои сега ги имате? Би бил многу празен зарем не? И тие со текот на времето ја заслужиле вашата доверба и никогаш не ве изневериле. Значи паметно сте постапиле што сте им дале шанса.

Е па така треба и да продолжите и којзнае можеби уште утре некој прекрасен човек ќе влезе во вашиот живот и ќе го надополни.

Никогаш не носете сериозни одлуки кога сте разочарани и лути, затоа што никогаш не знаете како таа одлука ќе влијае врз вашиот живот, особено кога станува збор за тоа да ги пуштате луѓето во вашиот живот.

Најдете го балансот. Оставете работите природно да се случуваат, не брзајте и не ја давајте веднаш вашата доверба, но морате да дозволите некој барем да се обиде да ја заслужи. Како ќе ви докажат дека ја заслужуваат вашата доверба ако воопшто не им дадете шанса за тоа?