За сите оние чие срце некогаш било скршено

Ова се неколку потсетници за сите оние чие срце било скршено.

Не носете суд за луѓето кои ги среќавате во сегашноста поради нивното минато.

Обидете се да верувате дека сите нешта се случуваат без причина во смисла дека сите работи ве прават личноста која сте денес.

Знајте дека луѓето често ќе ве обвинуваат за работи кои не се ваша вина бидејќи полесно им е така да го изразат бесот.

Имате право да сакате повеќе од една личност во својот живот.

Не се чувствувајте обесхрабрени ако се уште сте повредени од вашата последна врска – тоа не значи дека не можете да ги надминете нештата, туку дека личноста навистина ви значела.

Во својата идна врска треба да бидете способни да можете да зборувате за минатото, бидејќи таа личност треба да биде некој кој ќе ве разбира и поддржува.

Но, не треба да дозволите да зборувате за минатото, туку да го оставите таму кадешто припаѓа.

Не морате пред сите личности да бидете силни постојано. Дозволете да ве запознаат онакви какви што сте.

Не морате да влезете во нова врска веднаш по завршувањето на старата. Дозволете си нештата да се случуваат сами по себе.

Не го кршете своето срце со тоа што ќе се фокусирате на луѓе кои постојано ве повредуваат. 

Стапувањето во врска не е натпревар. Немојте да мислите дека треба да го направите тоа само ако вашите пријатели се веќе во врска.

Научете дека скршеното срце не трае вечно. Вие имате сила да го продолжите.

Во одреден момент ќе бидете навистина среќни што вашата претходна врска не успеала.