За сите луѓе кои се откажаа од мене – Ви благодарам!

Ви благодарам што ми покажавте кои сте. 

Ви благодарам што не верувавте во мене и што мислевте дека не заслужувам почит. Би благодарам за постојаното отфрлање од ваша страна. Но, ви благодарам и за тоа што така ми помогнавте да го најдам сопствениот глас и храброст. 

Никогаш не ми дадовте шанса. Бевте нетрпеливи и мислевте дека моите способности не се доволни. Ме истуркавте далеку од себе и така сфатив дека можам да си верува, само себеси, но и дека постои огромна сила во мене, на која можам да се потпрам и да остварам сè што ќе посакам.

Вие сте причината поради која што никогаш не гледам назад. Не ми недостасувате воопшто бидејќи ве снема од мојот живот кога видовте дека работите одат надолу. Мислевте дека секогаш ќе ми биде лошо, дека секогаш ќе останам на дното, а така не ви требав во животот. 

Згрешивте. Но, ме научивте многу.

Ме научивте како да преживеам, како да се сакам и да се потпрам на себеси и како да ја најдам својата среќа. Ми помогнавте да сфатам дека начинот на којшто се однесувавте кон мене не ме дефинира како личност. Одлучив дека имам поголема сила од таа која што вие мислевте дека ја имам.

Благодарам што веќе не сте дел од мојот живот. Наместо да плачам, денес се смеам. Се смеам бидејќи наместо трагедија добив среќа. Она што вие мислевте дека е крај, за мене всушност беше почеток.

Ви благодарам.